|
ЛИЦЕНЦА ЗА ОВЛАСТЕН ГЕОДЕТ Поим и објаснување на постапката за стекнување Лиценца За поуспешно и ефикасно решавање на проблемите на граѓаните со Закон за Катастар на Недвижности воведена е приватна геодетска пракса, преку основање на приватни геодетски трговски друштва за геодетски работи и трговци поединци – овластени геодети. Приватните овластени геодети, согласно Законот, ги вршат оперативните теренски геодетски работи кои се однесуваат на установување и одржување на премерот и катастарот на недвижностите. Во делокругот на нивното работење спаѓаат, помеѓу останатото, и:
За да се стекне со звањето овластен геодет физичкото лице мора да исполнува одредени услови пропишани со закон, како и да има положен испит за овластен геодет. Основен услов, едно лице да се стекне со звање овластен геодет е лицето да биде дипломиран геодетски инженер, со работно искуство како дипломиран геодетски инженер, во траење од најмалку три години. Понатаму, лицето треба да се обрати до Комората на овластени геодети на Република Македонија, која согласно Законот за Катастар на Недвижности, е овластена за издавање на Сертификат за овластен геодет. Постои опоределена законска процедура, која започнува со поднесување на Барање за полагање на испит за овластен геодет. Барањето, поткрепено со останатите документи се поднесува до Комората на овластени геодети, каде што истото уредно се заведува и архивира, по што Комората е должна во законски пропишаниот рок од 8 работни денови да му закаже испит на подносителот на барањето и за тоа благовремено, по писмен или електронски пат да го извести за датумот и местото на полагање на испитот. Испитот, се спроведува, со цел стекнување на звање овластен геодет се состои од два дела:
Врз основа на Одлуката, донесена согласно член 78, став 4 од Законот за катастар на недвижности (Сл. весник на РМ бр.40/08), деловоден број 03-101/1, со датум 07.06.2011, донесена од страна на Управниот одбор на Комората, гласи дека висината на надоместокот, којшто го плаќаат кандидатите за полагање за Овластување за Овластен геодет изнесува 12.000,00 денари. Штом, Комисијата за полагање на испит за овластен геодет при Комората констатира дека лицето успешно го положило испитот, истото се стекнува со звање овластен геодет на Република Македонија, при што се здобива со официјален документ, т.н. Сертификат за овластен геодет. Комората го продолжува овластувањето за овластен геодет на секои десет години, доколку овластениот геодет посетувал по дваесет часа годишно континуирана едукативна настава од областа на геодетските работи и поднесе барање за продолжување на овластувањето за овластен геодет со сертификат за посетена едукација издаден од страна на Комората, најдоцна шест месеци пред истекот на рокот на важење на издаденото овластување. види повеќе од Статут на Комората - превземи .pdf Лиценцата за работење во оваа област ја имаат следниве стручни лица: |
|||||||||||
|
|||||||||||
|
|||||||||||
