www.komora-geodeti.mk
Комора на Овластени Геодети во Р.Македонија
Chamber of Authorized Surveyors of the R.Macedonia |English|
 
  • Ново
  • Организација
  • Цел и Насока
  • Лиценци
  • Документи
  • Коментари
  • Контакт
{naslov}

{vaznoodtemata}

{sodrzina}

{objavenonadatum}

Share
...
Други наслови
Линкови
Селектирај од листата
{naslov}
{objavenonadatum}
{vaznoodtemata}
linkKatastar
linkGeoReport
Службен Весник
 

Организационата поставеност на Комората на Овластени Геодети на Република Македонија
ја сочинуваат следните тела:

>Собрание на Комората на овластени геодети на РМ --- детали >
Согласно Статутот на Комората на овластени геодети на РМ, Собранието на Комората го сочинуваат сите лица кои имаат стекнато овластување за овластен геодет.
Собранието на Комората се состанува редовно еднаш годишно.
Во моментов, Собранието се состои од 244 активни членови од целата територија на Република Македонија, сите со положен испит за овластен геодет. Првата седница на Собранието на Комората се оддржа во Охрид, на ден 03.04.2009.
 

>Претседател на Комората --- детали >
Претседателот на Комората го бира Собранието, коешто претставува највисок орган на Комората на овластени геодети на РМ. Мандатот на претседателот е во траење од две години, со право на реизбор за уште еден мандат.
Во моментов, актуелен Претседател на Комората на овластени геодети е г. Горданчо Бошкоски, овластен геодет од Прилеп.
 

>Управен одбор на Комората --- детали >
Управниот одбор на Комората го бира Собранието, коешто претставува највисок орган на Комората на овластени геодети на РМ. Мандатот на членовите на Управниот одбор е во траење од две години, со право на реизбор за уште еден мандат. Согласно Статутот на Комората, вкупниот број на членови на Управниот одбор на Комората треба да биде седуммина, од кои петмина треба да се од редовите на членовите на Комората, додека останатите двајца членови треба да доаѓаат од ограните на Агенцијата за катастар на недвижности. Претседателот на Комората, истовремено е и Претседател на Управниот одбор на Комората.
Во моментов, актуелни членови на Управниот одбор на КОМОРАТА СЕ:
Претседател:
Г-дин Горданчо Бошкоски
Ул. ”11 Oктомври”, зграда 2, приземје локал 1 и 2 – Прилеп
gpspremer@yahoo.com

Член:
Г-дин Бари Халил Абдул
Ул. ”Брака Гиновски” ББ – Скопје
geo_biro@hotmail.com

Член:
Г-дин Зоран Арсов
Ул. ”Плоштад Илинден” ББ – Свети Николе
geometarproing@yahoo.com

Член:
Г-дин Кире Георѓиев
Ул. ”Mаршал Тито” ББ – Неготино
gros2000@mt.net.mk

Член:
Г-дин Богољуб Јанкоски
Ул .”Дрезденска” ББ Агенција за катастар на недвижности – Скопје
b.jankoski@katastar.gov.mk

Член:
Г-ѓа Полексена Николовска
Ул. ”Лондонска”, број 2, локал 14 – Скопје
geopolaris@gmail.com

Член:
Г-ѓа Сања Волканова-Златановска
Агенција за катастар на недвижности Ул. ”Трифун Хаџи Јанев”, број 4 - Скопје
sanja.volkanova@katastar.gov.mk
 

>Комисија за полагање на испит за стекнување на  овластување за овластен геодет --- детали >
Согласно Статутот на Комората на овластени геодети на Република Македонија, испитот за стекнување на овластување за овластен геодет го спроведува однапред формирана Комисија за полагање на испит, составена од тројца членови, од кои, еден е претседател на комисијата и двајца членови.
Испитот за стекнување на овластување за овластен геодет се закажува во рок од осум дена, сметано од денот на поднесеното барање до Комората и се спроведува во рамките на работните простории на Комората.
Испитот за стекнување на овластување за овластен геодет се состои од два дела:
1. геодетски дел на испитот, и
2. правен дел на испитот.

Во моментов, актуелни членови на Комисијата за полагање на испит за стекнување на овластување за овластен геодет СЕ:
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈА:
Г-дин Ристо Рибаровски, Проф. Д-р, дипл.геод. инженер

ЧЛЕН НА КОМИСИЈА :
Г-ѓа Сања Волканова-Златановска, дипл.геод. инженер

ЧЛЕН НА КОМИСИЈА :
Г-ѓа Лидија Крстевска, дипл. правник
 



>Комисија за верификација на мандати--- детали >
Врз основа на Статутот на Комората на овластени геодети на Република Македонија, се формира Комисија за верификација на мандатите на присутните членови на Собранието на Комората на овластени геодети на Република Македонија, во состав:
Г-дин Паноски Стојмир, геод.инженер, овластен геодет
Г-дин Камберовски Јово, геод.инженер, овластен геодет
 

>Секретар на Комората--- детали >
Согласно Статутот на Комората на овластени геодети на Република Македонија, за вршење на стручни, административни, помошни и други работи Комората има стручна служба. Со стручната служба раководи секретар на Комората.
Во моментов, актуелен Секретар на Комората на овластени геодети е:
СЕКРЕТАР НА КОМОРАТА:
Г-ѓа Наташа Тринпаревска, Дипл.Филолог
natasha.trinparevska@gmail.com
 

 

 
   

Цел и насока на комората

Основачи на Комората се Oвластените Геодети од Република Македонија.

Овластените геодети се здржуваат заради застапување и усогласување на заедничките интереси, развивање на професионалната етика  како и заштита на јавните интереси и заштита на интересите на трети лица.

Понатаму, една од целите на Комората е остварување на соработка со Комори на геодети на други држави и со меѓународни организации на геодети, каков што е случајот со формирањето на Балканста асоцијација на геодети.

Комората својата активност ја остварува врз основа на Уставот на Република Македонија, Законот за Катастар на недвижности, подзаконските акти, со Статутот и со другите општи акти на Комората.

 
   

ЛИЦЕНЦА ЗА ОВЛАСТЕН ГЕОДЕТ
Поим и објаснување на постапката за стекнување Лиценца

За поуспешно и ефикасно решавање на проблемите на граѓаните со Закон за Катастар на Недвижности воведена е приватна геодетска пракса, преку основање на приватни геодетски трговски друштва за геодетски работи и трговци поединци – овластени геодети.
Приватните овластени геодети, согласно Законот, ги вршат оперативните теренски геодетски работи кои се однесуваат на установување и одржување на премерот и катастарот на недвижностите. Во делокругот на нивното работење спаѓаат, помеѓу останатото, и:

  • Делба на парцели;
  • Спојување на парцели;
  • Снимање на промените настанати со изградбата и доградбата на  објекти;
  • Подготвување на нумерички податоци;
  • Изработка на геодетски елаборати за запишување на права;
  • Геодетски елаборати од извршени геодетски работи за посебни намени;
  • Вештачења.
  • Ажурирање на геодетски подлоги за урбанистички цели

За да се стекне со звањето овластен геодет физичкото лице мора да исполнува одредени услови пропишани со закон, како и да има положен испит за овластен геодет.

Основен услов, едно лице да се стекне со звање овластен геодет е лицето да биде дипломиран геодетски инженер, со работно искуство како геодетски инженер, во траење од најмалку три години.

Понатаму, лицето треба да се обрати до Комората на овластени геодети на Република Македонија, која согласно Законот за Катастар на Недвижности, е овластена за издавање на Сертификат за овластен геодет.

Постои опоределена законска процедура, која започнува со поднесување на Барање за полагање на испит за овластен геодет.
(на овој линк превземи Барање образец .doc)

Барањето, поткрепено со останатите документи се поднесува до Комората на овластени геодети, каде што истото уредно се заведува и архивира, по што Комората е должна во законски пропишаниот рок од 8 работни денови да му закаже испит на подносителот на барањето и за тоа благовремено, по писмен или електронски пат да го извести за датумот и местото на полагање на испитот.

Испитот, се спроведува, со цел стекнување на звање овластен геодет се состои од два дела:

  • геодетски дел и
  • правен дел.

Врз основа на Одлуката, донесена согласно член 78, став 4 од Законот за премер и катастар, деловоден број 03-08/1, со датум 19.02.2009, донесена од страна на Управниот одбор на Комората, гласи дека висината на надоместокот, којшто го плаќаат кандидатите за полагање за Овластување за Овластен геодет изнесува 7.500,00 денари, за преполагање на геодетскиот дел 4.000,00 денари, а за преполагање на правниот дел 3.500,00 денари.
Доколку лицето не успее да го положи геодетскиот дел, при наредното полагање потребно е да уплати 4500,00 денари, а доколку не го положило правниот дел од испитот, при наредното преполагање потребно е да уплати 3500,00 денари.

Штом, Комисијата за полагање на испит за овластен геодет при Комората констатира дека лицето успешно го положило испитот, истото се стекнува со звање овластен геодет на Република Македонија, при што се здобива со официјален документ, т.н. Сертификат за овластен геодет.

Комората го продолжува овластувањето за овластен геодет на секои десет години, доколку овластениот геодет посетувал по дваесет часа годишно континуирана едукативна настава од областа на геодетските работи и поднесе барање за продолжување на овластувањето за овластен геодет со сертификат за посетена едукација издаден од страна на Комората, најдоцна шест месеци пред истекот на рокот на важење на издаденото овластување.

види повеќе од Статут на Комората - превземи .pdf


Лиценцата за работење во оваа област ја имаат следниве стручни лица:
 
ID
Име и Презиме
Место
Стручно образование
Број на Овластување
{ID} {ImePrezime} {Mesto} {StrucnoObrazovanie}
{BrojOvlastuvanje}
 
Документи поврзани со работењето на Комората и стручната Геодетска јавност

Статут на Комората на Овластени Геодети на Р.Македонија
превземи го статутот во .pdf форма!

 
Закон за Катастар на недвижности
превземи го законот во .pdf форма!

Правилници
...

Архива на одлуки од работењето на Комората
...
 

Комора на Овластени Геодети на Република Македонија
ул.Мајаковски бр.3 / Мезанин 3, види ја нашата локација на карта > линк >
1000 Скопје, Македонија

Контакти
Телефон: 02 3220 449
Факс: 02 3216 654
e-mail: info@komora-geodeti.mk

 

Други податоци
Банка депонент: НЛБ Тутунска Банка АД
Трансакциона сметка: 210063955620107

Слободно побарајте не за дополнителни информации секој работен ден од 7.30 до 15.30h!